Search

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со акцијата „Разговори за обнова на Македонија“

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со акцијата „Разговори за обнова на Македонија“ во која која тимови предводени од највисокото раководство на партијата ги посетуваат сите поголеми населени места во Република Македонија.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, д-р. Христијан Мицкоски заедно со членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков на ден 04.10.2019, петок во рамки на акцијата ќе бидат во посета на Општина Ресен.

Посетите продолжуваат и во текот на викендот. Во сабота, (05.10.2019) година, тим предводен од членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Ане Лашкоска ќе ја посети Општина Новаци, додека тим предводен од членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески ќе биде во посета на Тетово.

Во недела, (06.10.2019) тим предводен од членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драги Димитриевски ќе биде во Општина Македонски Брод, тим предводен од потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, ќе биде во посета на Општина Илинден, додека пак тим предводен од Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, претседателката на Унија на Жени на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска и членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Јовановски ќе ја посетат Виница.

ВМРО-ДПМНЕ со акцијата има цел преку непосредни средби да ги слушне проблемите и потребите на граѓаните и да се изнајдат решенија кои подоцна ќе се преточат во програмата на партијата.

 

Ситуацијата во Република Македонија е алармантна, власта е заглавена во сопствениот криминал, рекет и корупција, економијата на државата тоне, а граѓаните стануваат се посиромашни.

 

СДСМ ги зароби правосудните органи и истите работат единствено по нарачка на Зоран Заев. Токму затоа потребни се итни предвремени парламентарни избори за пад на оваа криминална и расипничка власт, а веднаш потоа да може да започне обновата на Македонија.

Треба да знаете
Последни објави