Search

ВМРО-ДПМНЕ пред кичевчани во отсуство на свои идеи и проекти, ќе презентираат веќе постоечки проекти на СДСМ

Лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ се потврдува со дела.
Очајот во кој е длабоко потоната  оваа партија се огледа во тоа што денес нивни членови и соработници одржуваат трибина во Кичево на која темата е енергетика.
Иронијата да биде уште поголема, нивни главни проекти со кои настапуваат се веќе постоечки, реализирани или во фаза на реализација од страна на СДСМ.
Тоа е таа добро позната партија, без свои идеи и проекти кои ќе може да им ги понуди на граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ ако знаеја како се работи во енергетиката, немаше државата со години да биде зависна од скап увоз на струја, немаше да се укине евтината дневна тарифа на струјата, немаше цената на електричната енергија да поскапи за 100 отсто, а енергетската мрежа немаше да се соочува со чести испади за време на нивното владеење.
Денес, со политиките на СДСМ , 108 јавни објекти во преку 40 општини добија фотоволтаични системи со што годишно се заштедуваат 196.000 евра од општинските буџети.
Владата додели дозволи за 35 мегавати нови фотоволтаични електрани за кои не плаќа никаква тарифа.
Електрани на Северна Македонија се пред почеток на изградба на нова електрана во стариот рудник во Осломеј од 10 мегавати од сопствени средства . Исто така, во тек е на оваа фотоволтаична електрана со  100 Мефавати –проект кој е пример во регионот ,честопати споменуван од Енергетската заедница.
Во тек е проект за гасификација на сите болници во државата вклучително и Кичево.
Крајно лицемерно од страна на ВМРО-ДПМНЕ пред кичевчани да зборува на тема енергетика, истата таа партија која од 2006 година до 2017 година направи милионски загуби.
ВМРО-ДПМНЕ не работеше во интерес на  граѓаните ниту како власт, ниту како опозиција.
Затоа, ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат поразени на престојните избори на 12 април. Граѓаните ќе порачаат режим никогаш повеќе!
Треба да знаете
Последни објави