Search

ВМРО-ДПМНЕ предлага поставување на дополнителни мерни станици за воздухот

ВМРО-ДПМНЕ предлага да се обезбедат средства во буџетот и да се постават најмалку 3 дополнителни статични и 4 мобилни мерни станици. Статичните да бидат поставени во близина на РЕК Битола, РЕК Осломеј во Кичево, како и Дрисла, а мобилните во Радовиш, Прилеп, Гостивар, како и во Петровец.

„Со ваквата распореденост на мерните станици во близина на рударските капацитети, каменоломи и аеродромот ќе може да се контролира состојбата на загадувањето во тие општини и градови, каде загадувањето е алармантно.
Исто така треба да се обезбедат субвенции во износ од 50 проценти за набавка на електрични и хибридни возила во поголемите градови во првите 3 години, а потоа мерката да се прошири и во останатите средини, мерка која значително ќе помогне да се намали загадувањето од издувните гасови на автомобилите“, предлага ВМРО-ДПМНЕ.

Преку соопштение, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Република Македонија и Скопје секојдневно се на врвот во друштво на најзагадените држави и градови во Светот, а власта нема спроведено ништо за да го намали загадувањето и да ги спречи последиците по здравјето на граѓаните поради загадениот воздух.

Од партијата додаваат дека додека СДСМ беше во опозиција, ветуваше итни мерки за почист воздух и манипулираше дека кога ќе дојдат на власт веднаш ќе го реши проблемот со загадувањето, но кога дојдоа на власт заборавија на своите ветувања и речиси две години немаат реализирано ниту еден проект за подобрување на воздухот.

„Решавањето на алармантната ситуација со високото аерозагадување не им е во агендата. За нив поважно е да трошат десетици милиони за луксузни автомобили и фотелји и лубриканти, наместо да одвојат доволно средства за намалување на загаденоста на воздухот. Здравјето на граѓаните не важно за оваа криминална и неспособна власт. За нив не е важно што болниците се полни со граѓани кои имаат сериозни проблеми здравствени проблеми заради високото загадување и што според Светската здравствена организација на годишно ниво умираат околу 3000 луѓе поради лошиот квалитет на воздухот“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Треба да знаете
Последни објави