Search

ВМРО-ДПМНЕ: Предвремени избори на кои оваа власт ќе биде поразена

Македонија  е завиена во црно бидејќи Зоран Заев, донесе срамна и незаконска одлука со која се брише името на државата, се менуваат идентитетот, јазикот, културата  и историјата.

СДСМ и Заев насилнички по пат на уцени, закани и пазарења ја погазија волјата на граѓаните и го променија името на Република Македонија, иако македонскиот народ  јасно на референдум порача дека е против промената на името и договорот.

Аболицираниот криминалец Зоран Заев без ронка срам предвреме ја преименува сопствената татковина, иако договорот се уште не е стапен на сила.

Заев кој се колнеше во своите предци и сопствените деца дека нема да го менува името на Република Македонија, сега прославува и се гордее што го променил името и идентитетот на сопствената земја.

Ќе остане запишано дека 81 пратеник спротивно на волјата на граѓаните, противуставно, противзаконски  на нелегален и на криминален начин  го променија името и идентитетот на Република Македонија.

Оваа влада за една намена предводена од аболицираниот  Зоран Заев , две години ништо не сработи. Ја заковаа државата на дното, редат порази на секое можно поле, граѓаните стануваат се повеќе сиромашни, а  криминалците од власта единствено ги шират своите сметки и бизниси.

Граѓаните повеќе не веруваат во лагите на Заев и СДСМ. Тие се уверија дека оваа власт дојде за една намена и за ништо друго не е способна освен да носи црнила и да ниже капитулации.

ВМРО-ДПМНЕ ќе стори се што е во негова моќ неправдата која Заев и СДСМ и ја нанесоа на државата да биде исправена. Затоа потребно е СДСМ и Заев веднаш да си заминат.

Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ бара распишување на предвремени парламентарни избори заедно со претседателските на кои оваа криминална и црна власт ќе биде жестоко поразена. СДСМ и Заев ќе ја добијат казната за погазувањето на волјата на народот и за сите црнила кои и ги нанесоа на Република Македонија.

Треба да знаете
Последни објави