Search

ВМРО ДПМНЕ: Право и правдина во Република Македонија нема

Право и правдина во Република Македонија нема.Контролата на Заев врз судството и обвинителството ги амнестира вистинските криминалци во Македонија. Русковска и официјално денеска со затворањето на штурата и контролирана истрага за случајот “Рекет” потврди дека е еден обичен пиун и работи под диктат на Зоран Заев.

Затворањето на непрофесионалната истрага после пет месеци јавен циркус кој го следеше целата јавност е најголем доказ дека Русковска имаше една единствена цел, да ги скрие нарачателите и вистинските рекетари. Нерасчистувањето на инволвираноста на Кики,Фрики,Шеки,Баки и останатите фрла сомнеж дека и Русковска е соучесник во целиот случај “Рекет”. Сите знаат дека Боки 13 и Катица Јанева не рекетирале сами и дека имале поддршка од раководни лица од власта.  Правда во Македонија мора да има. Вистината ќе излезе на виделина и сите инволвирани еден ден ќе одговараат по сите основи за сите сторени кривични дела и во случајот и во постапката, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

Треба да знаете
Последни објави