Search

ВМРО-ДПМНЕ по навика лаже и се обидува да направи немир кај граѓаните, вакцинацијата против сезонски грип запошнува на 22 ноември

ВМРО-ДПМНЕ партијата симбол за деградација на здравството и лекарите и негрижа за пациентите нема кредибилитет да зборува за вакцинација и здравство. Згора на се, опозицијата се обидува да внесе немир кај граѓаните со лажни вести дека има проблем со вакцинацијата од сезонски грип.
Министерството за здравство официјално соопшти дека вакцинацијата започнува на 22 ноември што е оптимален термин за почеток на вакцинација со што ВМРО-ДПМНЕ е фатена во нова лага.
И кога се на власт и кога се во опозиција тие постојано ги лажат, ги манипулираат и ги крадат граѓаните. Додека пациентите внесуваа сомнителни лекови и инсулини, ВМРО-ДПМНЕ потроши пола милијарда евра во Скопје 2014. Додека пациентите немаа и чекаа лек, ВМРО-ДПМНЕ потроши 33 милиони евра на споменици.
За 11 години владеење, не направија ништо за да ги подобрат условите во јавно-здравствените установи. Тоа е разликата меѓу криминалната ВМРО-ДПМНЕ и одговорното и домаќинско однесување на СДСМ. Тоа е доказ дека  после 11 години стагнација, реформите во здравството се на прав пат.

Треба да знаете
Последни објави