Search

ВМРО-ДПМНЕ по конвенцијата ќе почне со интензивни средби низ Македонија

По утрешната конвенција во Струга, на која ВМРО-ДПМНЕ ќе го избере нивниот кандидат за претседателските избори, партијата ќе почне со интензивни средби по сите населени места низ земјата. Како што најави Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, тие го подготвуваат нивното членство за претстојните претседателски избори.

Ѓорѓиевски од Прилеп истакна дека СДСМ го одбил повикот за предвремени парламентарни избори бидејќи во неговите редови владеат страв и паника.

„Крајно погубни се сите нивни политики. Гледаме дека изминатиот период немаме ниту една капитална инвестиција во Република Македонија. Исто така немаме ниту едно отворено ново работно место, ако не се земат предвид оние работни места кои што служат за да се згрижат потесните и пошироките семејства на функционерите од СДСМ“, рече Ѓоргиевски.

Треба да знаете
Последни објави