Search

ВМРО-ДПМНЕ: Политичката монтировка наречена 27-ми април е доказ за стравот кој владее на Бихаќка

Вкупно 211-те години затвор досудени во политички монтираниот случај за 27 април ги погребаа правото и правдата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму додаваат и дека политичкиот прогон во Македонија ја достигнува својата кулминиција.

„Од ден во ден е се поголем бројот на жртвите на заевизмот, на политичкиот прогон и тортурата на власта врз политичките неистомисленици. Македонија е заробена држава, во која е укинато владеењето на правото, Кацарска-судството суди како што Заев наложува, а Рускоска-обвинителството монтира политички случаи за политичките противници на Заев“, се наведува во соопштението на опозициската партија.

Во него се додава дека 16-те казни за обвинетите во, како што се вели, политичката монтировка наречена 27-ми април е доказ за стравот кој владее на Бихаќка и стравот на Зоран Заев од гневот на граѓаните, односно стравот од изборен пораз.

„Политичкиот прогон е само уште еден очаен обид на аболицираниот Заев да ја задржи власта и да продолжи со своето криминално владеење. Изборите на 21-ви април ќе го означат почетокот на крајот на одродената и криминална власт превдодена од аболицираниот Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека набрзо ќе дојде до враќање на правото и правдината во Република Македонија.

Треба да знаете
Последни објави