Search

ВМРО-ДПМНЕ: Поднесовме предлог закон за враќање на старите законски решенија кои што беа позитивно прифатени од спортска јавност

Трајче Димков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ го образложи новиот Предлог на закон за спорт предожен од неговата партија.

„Предлог законот за спорт кој што Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата го поднесе до Собранието на Република Македонија со кој што се бара враќање на старите законски решенија кои што беа позитивно прифатени од спортска јавност и даваа одлични резултати е повеќе од неопходна.

Постоечкото законско решение коа го донесе Владата предводена од СДСМ продолжува да прави проблеми на спортските федерации и спортистите, а дополнителен проблем е и новата ситуација која што се појави во парламентарното мнозинство помеѓу СДСМ и ДУИ со Законот за данок на добивка во кој измените се однесуваат токму за вредноста на ваучерите кои се доделуваат на спортските субјекти од страна на Агенцијата за млади и спорт, а преку кои се врши донирање на финансиски средства од страна на правните лица во спортските субјекти и се користи даночното ослободување.

Имено, коaлициониот партнер на СДСМ, ДУИ, побара симнување на оваа точка од дневен ред што предизвика еден вид на блокада на носењето на овој закон.

Спортските федерации и спортистите реагираат со право и бараат политичките пазарења да се тргнат настрана од спортот.

Иако, според нас се работи за проблем кој што СДСМ и ДУИ треба како коалициони партнери да го решат, ние сметаме дека сепак овој постоен закон ќе продолжи да нанесува штета на спортските клубови, посебно на оние кои што се натпреваруваат во помал ранг и не можат да успеат да ги исполнат критериумите кои што ги постави Агенцијата за млади и спорт за да добијат право на вауер односно на финансиски средства кои што им се повеќе од потребни.

Реализацијата на ваучер системот мора да се напомене дека во моментот не е многу практичен, од причина што најголем дел од спортските клубови кои се натпреваруваат во втората односно трета лига и останатите младински лиги во националните првенства се одземени од негово користење и не се во можност понатаму да функционираат и да се натпреваруваат.

Од друга страна пак, спортските клубови кои што го имаат ваучерот од страна на Агенцијата за млади и спорт се соочуваат со големи проблеми околу реализирањето на истиот затоа што правните субјекти односно потенцијалните спонзори не се доволно информирани и кај нив постои скептицизам во врска со начинот и постапката за неговата реализација.

Според Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата единствено решение е да се врати старото законско решение кој што даваше одлични резултати и понатаму во дебата и разговори со спортските федерации да се работи на овозможување на уште подобри услови и изнаоѓање на начини како спортот во Република Македонија поквалитетно да добива финансиска сигурност бидејќи тоа е единствениот начин за негов развој.“

 

Треба да знаете
Последни објави