Search

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски манипулира со младите во Македонија

Пендаровски исто како и Зоран Заев лаже и манипулира со младите во Македонија. Реалноста е дека младите се најголемата жртва на СДСМ, кој е власт цели две години, а нема мрднато со прст за нив“, реагира ВМРО-ДПМНЕ по изјавата на кандидатот за претседател, Стево Пендаровски.

„Пендаровски заедно со СДСМ на младите им ветуваа брда и долини, намалување на младинската невработеност и враќање на младите во земјата. Кога дојдоа на власт, ништо од тоа не е сторено, напротив, сè полошо е. Ветувањето за вработување, дообучување или практикантство за сите млади по завршување на образованието се претвори во обична лага“, вели ВМРО-ДПМНЕ.

Опозицијата додава дека ветувањето за враќање на младите во земјата се докажало дека е уште една лага во низата. Во изминатите две години, велат од ВМРО-ДПМНЕ, бројката на иселување на младите од ден на ден сè повеќе се зголемува.

„СДСМ ги остави младите без перспектива и тие се наоѓаат на работ на општеството. СДСМ докажаа дека воопшто не е заинтересиран за подобрување на животниот стандард на младите луѓе во Република Македонија. Пендаровски како копија на својот партиски шеф Зоран Заев може на младите да им донесе само поголеми лаги и поголема беда. Токму затоа на 21 април ќе ги стигне казната од младите кога ќе бидат жестоко поразени“, додава ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.

Треба да знаете
Последни објави