Search

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски загуби, граѓаните не ги поддржуваат криминалот, корупцијата и непотизмот

Стево Пендаровски загуби. Пендаровски зад кого застанаа СДСМ и ДУИ загуби во Скопје, Битола, Прилеп, Охрид, Велес, Штип, Кавадарци, Гевгелија и во уште четириесетина општини, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Граѓаните избраа право и правдина. Граѓаните ја избраа Гордана Сиљановска Давкова. Граѓаните не ги поддржуваат криминалот, корупцијата и непотизмот. Граѓаните знаат дека ако биде избран Пендаровски тоа ќе значи уште повеќе криминал, корупција и непотизам. Никој повеќе не ги поддржува Заев и неговите негативни политики.

СДСМ нема капацитет да се отргне од матрицата на криминогеност. Глас за Пендаровски е глас за криминалите на Заев. Пендаровски и Заев се 102.5% исти.

Неработата е синоним за СДСМ. Две години власта не направи ништо за граѓаните. Потрошени се 7 милијарди евра буџет, а од тоа граѓаните не гледаат никаква придобивка. Нема инвестиции, нема проекти.

Истата таа власт која потроши цели 7 милијарди без некој да знае на што сега излегуваат и се сликаат како чистат и одржуваат комунална хигиена, нешто што им е законска должност, а не проект со кој треба да се фалат. Граѓаните не се нискоинтелегентни за да наседнат на форите на Заев и Пендаровски.

Граѓаните видоа дека Заев и Пендаровски лажат. Граѓаните ќе гласаат за право и правдина. Граѓаните ќе гласаат за Гордана Сиљановска Давкова, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Треба да знаете
Последни објави