Search

ВМРО-ДПМНЕ: Патриоти добија максимални казни затвор, а борци на ИСИС три пати пониски казни

Република Македонија со СДСМ на власт стана земја на сиромаштија, криминал, политички прогон и неправди. За да ги покрие своите криминали, но и неспособноста да донесе подобар стандард за граѓаните, власта почна да креира црно сценарио на поделби и прогони, обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Политичкиот прогон во земјава стана секојдневие. Тие кои први го кренаа гласот против продажбата на државните интереси и погубните политики на Зоран Заев станаа и први жртви на заевизмот.

Недолжни граѓани ги полнат затворите, додека премиерот е ослободен за поткуп, иако цела јавност виде како бара мито од 200.000 евра. Патриоти кои цел живот го посветиле за безбедноста на државата добиваат максимални казни затвор, а борци на ИСИС кои масакрирале луѓе добиваат три пати пониски казни.

Додека власта со политички прогон си ги брани сопствените криминали, државата секојдневно тоне на секое можно поле.
Економијата ни е закована на дното, а БДП е со најнизок раст во Европа и регионот. Наместо да расте економијата, растат сиромаштијата, даноците и корупцијата.

Нема 500 евра просечна плата, нема повисоки плати за лекарите и професорите, нема повисоки пензии, нема ни подобар стандард за младите, но затоа има вработувања за блиските и фризерките на функционерите од власта.

Власта ветуваше иднина за младите, но во реалноста го забрза иселувањето. Над 140.000 млади живеат под прагот на сиромаштијата и единствено што размислуваат е како побрзо да ја напуштат државата.

Ветуваа подобро здравство, а донесоа здравство во кое умираат луѓе и се местат матни тендери. Нема пари, за пензионерите, но има за луксузите на власта.

Власта која викаше дека ќе ни го зацврсти идентитетот, всушност го смени името на државата и ги присили сите институции и столбови на државноста да го променат името и да го изгубат својот институционален идентитет.
СДСМ и Заев донесоа само неправди, криминал и нечесност на секој чекор, а тоа не носи иднина за граѓаните и државата. Токму затоа граѓаните ќе се спротивстават на заевизмот и ќе се изборат за правда, владеење на правото и подобра иднина за себе и идните генерации и за Република Македонија“ наведува партијата.

Треба да знаете
Последни објави