Search

ВМРО-ДПМНЕ: Очигледна е нервозата кај СДСМ од претстојниот изборен пораз

На СДСМ им пречи посетата на дополнителниот заменик министер за МЗШВ на службените простории во кои проверуваше како работат службениците кои треба да работат во корист за земјоделците, а не им пречи тоа што во службени простории на општината Шуто Оризари градоначалникот Курто Дудуш киднапираше, тепаше и малтретираше граѓанин и вработен поради лично нетрпение.

Очигледна е нервозата кај СДСМ од претстојниот изборен пораз. Свесни се дека народот веќе не им верува. Катастрофалните политики во здравството, економијата, земјоделството ќе бидат казнети на наредните избори. Дополнително паника предизвика најавата за новата акција на Игор Јанушев ,,Обновата ПРЕД ВАШИОТ ДОМ” кој ќе придонесе за побрзиот пад на оваа власт.

Заев и СДСМ се виновни за поразите, измамите и криминалите. На 12 април следува одговорност. Заев никогаш повеќе.

Треба да знаете
Последни објави