Search

ВМРО-ДПМНЕ очајно бара алиби за претстојниот пораз, поткупот и уцените се нивен препознатлив печат, изборите ќе бидат фер, демократски и слободни

Пласирањата на конструкции и невистини од белиот дворец стануваат се позасилени како се наближува изборниот ден, во очаен обид да изнајдат алиби за убедливиот пораз кој ги очекува ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски на 17 октомври.
Јасно им е дека ќе изгубат бидејќи немаат никаква понуда, проекти, идеи, а за кандидати за градоначалници нудат осудени лица со сомнително минато, лица како Данела Арсовска која со години не плаќала струја.
Поткупот, уцените, заканите, гласачи од Пустец, исклучување на лифтови, обид за кражба на доверлив изборен материјал беа препознатлив печат на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.
На тој начин оваа деструктивна партија спроведуваше избори за што целата јавност имаше прилика да го слушне преку објавените разговори и тоа граѓаните не им го забораваат.
Затоа, на фер и демократски избори, на 17 октомври, по седми пат граѓаните ќе им го испорачаат поразот на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и ќе им дадат до знаење дека нема да се вратат во мрачното минато, туку продолжуваат напред со СДСМ и „Најдоброто”.
Треба да знаете
Последни објави