Search

ВМРО-ДПМНЕ: Откако Заев е на власт, организирани се само криминалот и корупцијата

Заев е уплашен политичар во заминување, кој единствено се грижи само за сопственото бoгатство, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Лентата му е заглавена на лажење, па повторно ги манипулира граѓаните со нови лаги од типот само што не дошлe инвестициите на Гугл, Фејсбук, Фолксваген, 300 пилоти, чист воздух и слично. Но, веќе никој не му верува. Патот на Македонија на чело со Заев води кон амбис“, се наведува во партиската реакција.

Како што се додава во неа, поради неуспесите на Заев, економијата е во колапс, а здравството пропаѓа.

„Тој се обидува со кавали, баклави, тепсии и слични флоскули да ги замајува граѓаните, додека во меѓувреме бизнисот со марихуана цвета, се богатат фирмите од картелот на власт, фирмите на Жути добиваат тендери, а фрчи рекетот во ‘Луј Витон’ торбите. Ова се случува додека петстотини илјади граѓани живеат во сиромаштија, младите забрзано се иселуваат, а целиот систем се урнисува“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека граѓаните веќе се свесни оти со Заев на власт единствено што е организирано во државата се криминалот и корупцијата.

Треба да знаете
Последни објави