Search

ВМРО-ДПМНЕ остaнуваат на страната против се` што е во интерес на граѓаните, против повисоки плати и против вработувања

ВМРО-ДПМНЕ во континуитет потврдуваат  дека се против се` што е во интерес на граѓаните. ВМРО – ДПМНЕ претходно покажаа дека се против минималната плата, против раст на платите во приватниот сектор, а со тоа и против парите да завршуваат назад кај граѓаните.
Времето на превработување на администрацијата поради партиски цели и добивање на повеќе гласачи за избори ќе остане запаметено како времето на ВМРО-ДПМНЕ. Денес, секоја институција вработува според индивидуалните потреби, дали за нови работни позиции поради зголемен обем на работа и формирање на нови сектори, како и  замена на постоечките со нови вработени поради пензионирање.
Институциите денес, работат  професионално, отчетно и одговорно, без притисоци закани, уцени и бркање од работа како во времето на ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО – ДПМНЕ изгубија на последните избори поради тие причини и затоа ќе изгубат и на изборите на 12 април.
Обнова на криминалниот режим и заканите кон администрацијата нема да има.

Треба да знаете
Последни објави