Search

ВМРО-ДПМНЕ: Оставката на Богоевски е лажно продавање на морал и обид да се избегне кривична одговорност.

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека оставката на пратеникот Павле Богоевски е лажно продавање на морал и обид да се избегне кривична одговорност.

-Денеска граѓаните беа сведоци на лажно продавање на морал од луѓе како Павле Богоевски, кој беше фатен како вршел кривични дела додека ја извршувал пратеничката функција. Неговата оставка не може да биде оправдување и амнестирање од направениот криминалот, тој мора да сноси кривична одговорност за трговија на нарко-пазарот. Павле Богоевски и тие кои го бранеа мора да одговорат со кои дилери комуницирал наместо да ја замајуваат јавноста со приказни за таксисти. Граѓаните очекуваат оставка и од Зоран Заев кој беше фатен жив неколку пати во тежок криминал, а ниту еднаш не одговараше. Пример за тоа е и „едно евро за Вицето, едно евро за црквата“. Зоран Заев треба да знае дека ништо не е вечно па така и неговите матни зделки, тендери и бизниси за кои треба да одговара. Ќе одговара за расипничкото трошење на парите на граѓаните, денот кога ќе се стави крај на Кацарска судството и Рускоска обвинителството, кога во Македонија ќе се врати правдата и правната држава, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави