Search

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид: Советот на општината го допре дното

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид го осуди вчерашниот инцидент на седницата на Совет на општина Охрид, кога советник нападна негов колега.

„Институцијата Совет го достигна дното за што ВМРО-ДПМНЕ постојано апелираше и предупредуваше за неговото институционално паѓање. Тоа се случуваше изминатите две години преку низа непринципиелности, праксата на недоаѓање на седниците на Совет на предлагачите, суштински грешки во одлуките, незаконските одлуки ставајќи ги во преден план партиските интереси и ред нерегуларности. Дигнитетот на Советот е нарушен на што предупредивме дека непринципиелни предизборни договарања, компромитирачки одлуки не водат кон добро и интерес на граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

Од таму ги повикаа надлежните институции сериозно да се позанимаваат со случајот.

Треба да знаете
Последни објави