Search

ВМРО-ДПМНЕ одлучи-секој граѓанин да постапи според сопственото убедување на реферндумот

ВМРО-ДПМНЕ одлучи-секој граѓанин да постапи според сопственото убедување на реферндумот

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски соопшти дека Македонија е на крстопат, а ова се најзначајни моменти за државата.Оние кои велат дека ова исчекор во тој правец е бришење на идентитетот, пасошите, личните карти. Влада ги сруши сите позиции на Македонија неповратно.

Македонија е во тешка и деликатна ситуација водена од луѓе водени од лични интереси, немаат чуство како да управуваат со авионот, адолесценти на чело на државата.

Влада која нема никакви резултати, економско фијаско, нема напредок, милионски тендери, државни пари кои завршуваат во џебовите на министри и функционери…Во земјава има лов за јавно искажан збор, што овозможи состојба на цензура и самоцензура. ВМРО-ДПМНЕ е за членство во НАТО и ЕУ, тоа се нашите пријатели и партнери. Македонија не смее да има пат поинаков од членство во тие организации.

Тој го повика членството, симпатизерите на партијата и граѓаните на Македонија: секој граѓанин да постапи според сопственото убедување. Секоја индивидуа ќе донесе одлука која е најдобра за семејството и Македонија. Нема партиите да одлучуваат. Нацијата ќе одлучи, на таа одлука ние ќе се поклониме и тоа е тоа.

Треба да знаете
Последни објави