Search

ВМРО ДПМНЕ: Одбивањето на подадената рака, заради суета и надменост, може да доведе до лоши резултати

Јавноста не знае што е полошо, заразата со корона или неспособноста и суетата на владата на СДСМ, вели во соопштение за јавноста опозициската ВМРО ДПМНЕ како реакција на соопштението од владеачката партија.

-Кусогледоста на СДСМ и одбивањето на подадената рака значи целосно преземање на одговорноста за крахот кој следи. Тоа не само што не е одговорно и суетно, тоа значи дека СДСМ нема капацитет да ја согледа сериозноста на состојбите во кој ја втурнаа нашата земја.
На граѓаните им се преку глава поделбите и сеењето на омраза на сдсм, бараат лидерство одлучност и решенија. ВМРО-ДПМНЕ ги има решенијата и ги нуди да ги спроведе СДСМ, пред се поради заедничкото добро за сите граѓани. Заев очигледно е посветен на авантите од носење на решенија.
Неделувањето и поделбите кои ги креира власта, може да доведат само до лоши резултати, кои што веке се и гледаат.
Сите мерки кои ги преземаат се преземаат со задоцнување. Суетата и надменоста на поединци се заканувааат да ја држат целат држава како заложник.
Здравствена криза и економската исто така не треба да траат до недоглед, потребно е што побрзо да завршат, а со ваквото неделување на власта кризата допрва почнува.

Треба да знаете
Последни објави