Search

ВМРО-ДПМНЕ: Нивото на капитални инвестиции во последните две години е најниско од осамостојувањето

ВМРО-ДПМНЕ реагира со соопштение до јавноста на Фејсбук статусот на Зоран Заев, кој објави дека за две години имало близу 50.000 нови вработувања.

„Две ипол години Македонија тоне. Македонската економија е оценета со нула од германските стопанственици. Јавниот долг е зголемен повеќе од пола милијарда евра, а нема никаква инвестиција.

Нивото на капитални инвестиции во последните две години е најниско од осамостојувањето до денес. Стандардот на граѓаните е намален. Наместо раст и развој имаме рекет и криминал.

Македонија со Заев оди само надолу. Потребни се итни оставки и распишување предвремени парламентарни избори, а не празни флоскули“.

Треба да знаете
Последни објави