Search

ВМРО-ДПМНЕ: Неопходно е формирање на антикорупциска комисија која нема да биде марионета

Oпозициската ВМРО-ДПМНЕ реагира по прес-конференцијата на Александар Кирацовски од СДСМ кој денеска обвини дека ВМРО-ДПМНЕ го кочи изборот на новиот состав на Државната комисија за спречување коруција.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека остануваат на својот став за формирање на ефективна антикорупциска комисија која ќе се бори против криминалните тенденции на оваа власт и која нема да биде само марионета на, како што велат, аболицираниот криминалец Зоран Заев и екипата околу него.

Само во овие неколку дена од новата 2019 година избија два коруптивни скандали кои директно се поврзуваат со функционери на власта. Во едниот е вмешана министерката Мила Царовска, чиј невенчан сопруг добил 1,5 милиони денари народни пари, а во другиот е заменик-министерот Јани Макрадули, кај што фирмата на неговата сопруга добила 5,4 милиони денари пари на граѓаните.

Патем, се распишуваат огласи за над 300 работни места во администрацијата непосредно пред избори, што е класична изборна корупција, за каква се сомничи и самиот Заев кој непосредно пред референдумот бараше фирми да плаќаат екстра пари за работниците да излезат на гласање. Со ваквите огласи само се овозможува партиски послушници на СДСМ да ја наполнат администрацијата, како што е случајот со мајката на Костадин Костадинов, синот на Фрчковски, ќерките на Џафери и Бејта, или синовите на Грчев или Бучковски. Народот преку повисоките даноци ќе ги плаќа коруптивните и непотистичките хирови на оваа власт. Тоа е причината зошто оваа власт бега од донесување европски закон за борба против корупцијата“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Треба да знаете
Последни објави