Search

ВМРО-ДПМНЕ: Нема просечна плата од 500 евра која ја ветуваа, а ја задолжија државава за нови 53.6 милиони евра

Соопштение до јавноста oд ВМРО-ДПМНЕ, реакција на соопштението на СДСМ.

„Поради лошите политики на СДСМ 500.000 граѓани во државата живеат на прагот на сиромаштија, исто толку и се иселија од државата.

Поради Заев и министерката Ангеловска, Република Македонија вчера  беше задолжена за нови 53.6 милиони евра.

Капиталните инвестиции во државата се на најсниско ниво од само 28.16% што е најниско ниво во историјата на Република Македонија.

Нема просечна плата од 500 евра која ја ветуваа СДСМ додека беа во опозиција.

Поради погешните економски политики на СДСМ се доведува до пропаст економијата во земјата.Затоа потребна е обнова на Македонија и домаќинско работење со државната каса од луѓе со искуство и визија.

Сето ова ќе се случи откако СДСМ ќе падне од власт“.

Треба да знаете
Последни објави