Search

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи избори на кои ќе биде загрозен животот на граѓаните

Соопштение до јавноста- реакција на прес конференцијата на Костадин Костадинов

„СДСМ продолжува да покажува и докажува дека не се грижи за здравјето за граѓаните, ниту пак за економијата, а најмалку за државните институции и нивната функционалност со оглед на фактот што три години ги корумпираше и поставуваше неспособен кадар на високи позиции.

Во моментот додека Костадинов одржуваше прес конференција, во медиумите беа објавени и денешните бројки за новозаболени од опасниот корона вирус во Македонија во изминатите 24 часа, бројката не само што не се намалува, таа и натаму расте.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи избори на кои ќе биде загрозен животот и здравјето избори, нема да дозволи избори за спас на кариерата на пропаднати политичари, прочитани од народот кој го навредуваа, газеа и угнетуваа 3 години наназад.

Стопанството исто така е загрижено од брзите избори во ек на епидемијата и економската криза предизвикана од истата. Стопанствениците бараат и нивните интереси да бидат земени во предвид кога ќе се договара датумот за избори. Загубите кои ги бројат македонските компании се во милиони, а македонската Влада најмалку од сите држави во регионот и Европа им помогна на македонските бизниси.

Граѓаните се свесни кој е спремен да ги жртвува нивните животи за гола политика, за тоа и за досегашниот криминал, корупција и неспособност следува казната од граѓаните набрзо.“

Треба да знаете
Последни објави