Search

ВМРО-ДПМНЕ: Нема датум за преговори, Заев ја срами државата секаде каде што оди

Република Македонија за жал не доби датум за почеток на преговори овој јуни, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, анализирајќи го исходот од средбата меѓу премиерот Заев и германската канцеларка Ангела Меркел која денеска се одржа во Берлин.

Според партијата, во официјалното соопштение од кабинетот на канцеларката Меркел, за жал не се спомнува датум за отпочнување на преговорите за членство во ЕУ.

„Република Македонија не добива датум затоа што нема реформи, а криминалот и корупцијата добиваат епидемиски размери. Зоран Заев ја срами државата секаде каде што оди. Граѓаните и државата само трпат штети од неговите лаги и манипулации“, се наведува во партиското соопштение.

Во него се додава дека се додека Зоран Заев е на власт Република Македонија ќе трпи неуспеси.

„Зоран Заев мора да си оди од власт за Македонија да тргне напред“, велат од ВМРО-ДПМНЕ истакнувајќи дека тие како партија ќе продолжат да работат за добивање датум за почеток на преговорите, бидејќи граѓаните и државата не смее да бидат казнети и да трпат последици заради нечија неспособност.

Треба да знаете
Последни објави