Search

ВМРО ДПМНЕ: На СДСМ најмалку му одговара квалитетно решение за ЈО

На Заев му е поважно да се спаси од одговорност за криминалите, од закон за Јавно обвинителство. СДСМ се радува да нема решение или ако има да биде во целосна функција на заштита на криминалот на власта, возвраќа ВМРО ДПМНЕ со рекацијата на соопштението од СДСМ по изјавата на нивниот лидер Христијан Мицкоски.
-На тоа работи и тоа го посакува Заев. Впрочем на СДСМ најмалку му одговара квалитетно решение за закон за Јавно обвинителство затоа што по тој закон Заев и неговата банда криминалци треба да одговараат за грабежот кој го прават во државата. Заев да не се надева дека овој пат ќе го спаси некоја амнестија или пак решение на закон кој ќе го ослободи од криминалот кој го прави во оваа држава.
Заев и СДСМ се виновни за поразите, измамите и криминалите. На 12 април следува одговорност. Заев и порази никогаш повеќе.

Треба да знаете
Последни објави