Search

ВМРО-ДПМНЕ: На лагите на СДСМ им нема крај

1.ЛАГА: Во 2006 година еден киловат час електрична енергија чинел 2,37 денари, додека во 2016 година цената е убедливо највисока и изнесува 4,28 денари, во 2017 е незначително пониска – 4,27 денари. Тоа значи дека граѓаните плаќале најскапа струја токму во времето на Мицкоски, како директор на АД ЕЛЕМ.

ДЕМАНТ: Во септември 2016-та година Христијан Мицковски е именуван за Директор на ЕЛЕМ, и таа функција ја извршува до август наредната година. Во периодот од април 2015-та до август 2017-та година цената на струјата во сите три пресметковни периоди се намалува. Тоа го потврдува во своите извештаи и Регулаторната комисија за енергетика каде се гледа дека:

  • Ако се искористат официјалните податоци се добива фактот дека цената за електричната енергија не расте, туку напротив се намалува.

 

 

Година

% на намалување

Цена за електрична енергија за снабдување

2015 -0,33
2016 -0,25
2017 -0,25
2018 -0,1

 

http://erc.org.mk/pages.aspx?id=33

 

2.ЛАГА:„Мицковски, е единствениот директор во историјат на АД ЕЛЕМ, во чие време ниту се градел, ниту бил во тендерска постапка барем еден енергетски капацитет, но затоа оставил договори и тендерски постапки, во висина од неверојатни  94 милиони евра за изградба на Рајски градини, барокни згради и фасади, катни гаражи, конгресни центри, тениски игралишта и слични фантазии.“

ДЕМАНТ: Како директор на АД ЕЛЕМ тој остави банкарски депозит на компанијата во висина од 1 милијарда 500 милиони денари, каса полна со 300 милиони денари, нула долгови и исплатен К15 спрема вработените на АД ЕЛЕМ. Рајските градини, барокни згради ифасади, катни гаражи, конгресни центри, тениски игралишта и слични фантазии кои СДСМ ги спомнува во лагата бр. 2 ниту се изградени, ниту пак постојат некаде.

ЛАГА 3.Денеска, АД ЕЛЕМ има на сметките преку 80 милиони евра, пари со кои се гради чиста   и сигурна иднина на Република Македонија, а не нечија фантазија.

ДЕМАНТ: 3.   Државната компанија АД ЕЛЕМ, која денес е дежурен субвенционер на квази-либерализираниот пазар на електрична  енергија, односно принудно  ја  одржува цената на електричната  енергија кај домаќинствата  на прифатливо ниво, продавајќи  ја својата  енергија на  универзалниот снабдувач  ЕВН  ХОМЕ  по  цена од 34,5 eur/MWh, што  е далеку од рентабилно работење и покривање на трошоците  преку цената. Доколку оваа енергија се продадеше по пазарни цени на берзата на електрична енергија АД ЕЛЕМ ќе заработеше 68.800.000 евра повеќе.

ЛАГА 4:Дури и во „фактите”, изнесени од Мицкоски, јасно се гледа, дека производството на АД ЕЛЕМ драматичн опаѓа   од 2013 година па наваму. Убедливо, најмало производство на   струја   АД ЕЛЕМ оствариле токму во 2017 година. Во 2018 година производството е зголемено  за 45 GWh, а на  горниот тренд  продолжува  и  во 2019 година.

 

ДЕМАНТ:За да се направи заклучок колку е ова се неточно, доволно е само да се цитира Годишниот извештај за 2018 година на Регулаторната комисија за енергетика:

„Најголемиот домашен производител АД ЕЛЕМ во 2018 година бележи пораст на производството за 1,06% во однос на претходната 2017 година, додека  пак во односна 2016 година се забележува пад за 2,47 %.“

http://erc.org.mk/odluki/2019.04.25%20GI%20za%20rabotata%20na%20RKE%20za%202018%20godina-final.pdf

ЛАГА 5:  Во текот на 2018 и 2019 година, АД ЕЛЕМ не набави ниту еден мегават час електрична енергија, а на слободниот пазар продаде вишоци, во вредност од 40 милиони евра, за разлика од времето на ВМРО-ДПМНЕ, кога државата беше зависна од увозна скапа струја.

ДЕМАНТ: Официјалните податоци говорат дека ако во 2016 година процентот на увозот бил 29,23 % од  вкупната енергија во Република Македонија, во 2017 пораснал на 30,49%, а во 2018 година истиот период пораснална 30,98%. Со овие официјални податоци и оваа лага се распука како меур од сапуница.

http://erc.org.mk/odluki/2019.04.25%20GI%20za%20rabotata%20na%20RKE%20za%202018%20godina-final.pdf

И на крај за „шампионството“ на СДСМ и нивниот лидер Заев дека имаме најниска цена на електричната енергија во регионот::

             Заев без срам упорно лаже, а вистината може да се види на линкот:

https://ec.europa.eu/eurostat/statistics-explained/index.php/Electricity_price_statistics

Од официјалната страна на EUROSTAT STATISTICS јасно се гледа дека пониска цена на струјата од Македонија имаат и Србија и Косово, како земји од регионот, додека анализирајќи ја цела Европа, пониска цена на струјата за домаќинствата има и Украина. Оваа цена која се однесува на домаќинствата  важи за првите семестри од сите три анализирани години 2017, 2018 и 2019 година, а тоа е баш периодот на владеење на СДСМ во Република Македонија. Посебно е важно дека ова се официјални податоци за цела Европа, а не како оние на Заев од „кујната“ на СДСМ, кои без срам се нарекуваат „шампиони“, прикажувајќи лажни бројки.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави