Search

ВМРО-ДПМНЕ: На Зоран Заев не му се важни интересите на граѓаните и Македонија, единствено му се важни провизиите, рекетот и плантажите со марихуана

Зоран Заев е човек на кој не му се важни интересите на граѓаните и Македонија.

Очекувано беше Зоран Заев да ја одбие иницијативата на Претседателот Мицкоски за лидерска средба каде што ќе се разговара за сите важни прашања во државата, бидејќи ќе мора да признае дека Владата и Заев се поразени на сите полиња, надворешен план, здравство, економија, образование, корупција и се останато.

На Зоран Заев и мафијата на власт единствено им се важни провизиите, рекетот, семејните плантажи со марихуана и профитот на семејните бизниси на Заеви, додека граѓаните и државата се поразени на секој план.

Доколку на Зоран Заев му е важно Македонија да тргне напред, ќе прифати лидерска средба и ќе разговара отворено за сите прашања.

Да го потсетиме Зоран Заев дека пописот е статистичка, а не политичка операција, која се реализира согласно стандардите и примерите на напредните европски земји и „Еуростат“. Зоран Заев сака пописот да го сведе на политички пазар и наместо да се реализира статистички, да биде реализиран политички.

Закон за попис кој нема да биде во консултација со ВМРО-ДПМНЕ и кој ќе биде реализиран согласно политичките намери на власта, ние нема да го поддржиме.

Зоран Заев и СДСМ уште еднаш потврдија дека остануваат да робуваат на криминалот, корупцијата, срамот и предавствата. Наместо лидерство, слушнавме надменост и ароганција.

Почитувани сограѓани се срамиме што вакви политичари одлучуваат за вашата и наша иднина. ВМРО-ДПМНЕ се оградува од ваквите политички мафијаши и ќе продолжи да работи исклучиво за вашите интереси и интересите на Македонија.

Треба да знаете
Последни објави