Search

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо живот во Прилеп, градоначалникот Јовановски и СДСМ донесоа лаги и манипулации за Прилепчани

Две години СДСМ во Прилеп се две години измами, криминал, неработа, неспособност, непотизам од градоначалникот Илија Јовановски.  Наместо живот во Прилеп, градоначалникот Јовановски и СДСМ донесоа лаги и манипулации за Прилепчани. Ветуваа се’ и сешто, ветуваа европски Прилеп, ветуваа мал милион инфраструктурни проекти и решенија, а реалноста е катастрофални седум проценти реализирани капитални инвестиции во тековната 2019-та година. Еве јавно го прашуваме градоначалникот Јовановски каде се ветувањата за 2 нови спортски училишни сали, за две обиколници, за реконструкција на Старата чаршија, за нови градинки, ново училиште, реконструкција на соколаната, ставање во функција на Универзалната сала и затворениот базен во сала „Македонија“?

Што се случи со ветувањето за поддршка на младите и нивните бизнис идеи, кои како никогаш порано се иселуваат од Прилеп и заминуваат во потрага за подобар живот? Се што кажаа, се излажаа. Немаат ништо реализирано за подобар и поквалитетен живот за Прилепчани.          Стопанството и економијата тонат, а нивното владеење не донесе ниту едно ново вработување и ниту една нова инвестиција во индустриските зони. Наместо проекти и мерки, наместо вработувања на квалификувани луѓе, градоначалникот Јовановски ги вдомува своите најблиски по локалните и државните институции. И врши партизирање на институциите. Тешко на Прилепчани со вашиот прав пат кој донесе за 60% повисоки сметки за вода, наместо ветените за 20% пониски од градоначалникот Јованоски.

Тешко на Прилепчани со вашата ароганција, со вашето дрско однесување и секојдневно понижување. Наместо ветувањата за нов театар, чист воздух и здрава еколошка средина, како и спортско рекреативен центар кај вештачкото езеро, на Прилепчани им возвративте со двојазични табли, деградирање на делото и борбата на хероите од НОБ и понижување на нивната вековна борба за самостојна држава Република Македонија. Ова  накратко нивното блескање, вака Прилеп блеска односно уназадува во изминативе две години кои ќе бидат запомнети како најцрните денови од неговото постоење.   За сите овие мегаломански лаги и сето ова патолошко лажење, Прилепчани со нетрпение чекаат да ви пресудат на избирачките места.

Прилепчани директно ја чувствуваат неспособноста, неработењето и негрижата на Јовановски и власта на СДСМ. Затоа следува обнова на државата. Многу набрзо доаѓа обнова на Прилеп од луѓе кои сериозно ќе го придвижат градот и државата. И ќе работат исклучиво во интерес на граѓаните. Расчистуваме со оваа ненародна, политичка хунта, со ова злосторничко здружување кое ги тероризира, понижува и растура македонскиот народ и нашата држава Република Македонија.

 

Треба да знаете
Последни објави