Search

ВМРО ДПМНЕ: Младите ќе го казнат СДСМ

Никој не ги принудуваше со сила Зоран Заев и СДСМ да ветуваат на младите проекти кои што нема да ги исполнат. Владата на СДСМ три години не може да заврши реконструкција на Студентскиот Дом „Гоце Делчев“, која што беше започната од времето на ВМРО-ДПМНЕ, велат од опозициската партија во соопштението како реакција на прес-конференцијата од Дарко Каевски, првиот човек на АМС.

Владата на СДСМ вети студентски град, но се уште не е на повидок. Студентски град нема, а состојбата е полоша од кога било до сега. На Каевски не му е гајле за младите затоа што додека тој седи во удобната фотелја и фирмата на неговите родители ниже државни тендери. Младинска гаранција ја нема што ја ветуваа пред избори. СДСМ не направи ништо за младите, а вети многу.      Младите ќе го казнат СДСМ на 12-ти април. А, така ќе започне и обновата на Македонија.

Треба да знаете
Последни објави