Search

ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски утре во својство на граѓанин ќе се обрати пред Собранието

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, утре во својство на граѓанин ќе се обрати пред Собранието, соопштија од партијата.

„И покрај уфрлените елементи кои сакаат да го дефокусираат самиот протест граѓаните покажаа достоинство и не подлегнаа на поединечните провокации. Тоа преставува изолиран и очаен обид на власта да го пренасочи вниманието. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес јасно го изрази својот и ставот на партијата дека ВМРО нема да поддржи уставни измени и нема да даде легитимитет на нешто што нема легитимитет од народот. Во текот на утрешниот ден Мицкоски во својство на еден од многте граѓани ќе се обрати пред Собранието на Република Македонија“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму додаваат дека се приклучиле на граѓанскиот протест пред Собрание против, како што велат, насилните уставни измени и самиот протест е реакција на насилната акција на власта за носење на уставните измени. Од партијата истакнаа дека нема да го злоупотребат протестот во тесно партиски цели.

Мицкоски денеска не сакаше да се обрати од импровизираната бина поставена пред Собранието каде што протестира „Македонија блокира“.

Треба да знаете
Последни објави