Search

ВМРО ДПМНЕ: Мерките на СДСМ се мерки за еднократен поткуп, стопанството е ставено на чекање до септември

Мерките кои денес ги промовираше СДСМ не се мерки за помош на граѓаните и погодените од економската криза, туку мерки за еднократен поткуп, се вели во соопштение до јавноста како реакција од опозициската ВМРО ДПМНЕ на прес конференција која ја одржа техничкиот премиер Оливер Спасовски по седницата на Владата за третиот сет економски мерки кои се донесени за справување со последиците од кризата која ја наметна пандемијата со коронавирусот.

-СДСМ мисли дека граѓаните може да ги излаже и да ги купи пред избори со несуштински мерки, кои не даваат резултати, и се само замачкување на очи.

Дополнително денес Спасовски, Ангеловска и другите од владата го ставија стопанството на чекање до септември.

Стопанството нема да добие никаква помош. Најтешкиот период од кризата стопанството ќе треба да го преживее без помош. Со ова се отвора ризик голем број на фирми да пропаднат, а илјадници работници да останат без работа или со влошена егзистенција.

Владата целосно ги промаши временските рокови кога на државата, стопанството и граѓаните им требаа мерки, со што создаде ситуација во која обични мерки не помагаат воопшто. ВМРО-ДПМНЕ алармираше на време, но суетата и надменоста на власта беа преголеми.

Над половина од 33.000 работници во секторот угостителство се времено без работа, голем број на фирми работат со намален обем, а илјадници граѓани со намалени приходи.

Потребна е итна стратегија за излез од кризата. Со СДСМ тоа не е можно, со СДСМ имаме само криминал, корупција и неспособност.

ВМРО-ДПМНЕ има пристап за инвестирање и помагање на економијата. Преку активни инвестиции ќе ја стимулира економијата. Силен инфраструктурен бум и засилен влез на странски инвестиции. Царинска гилотина и воведување на рамен данок, со целосно негово спуштање до 8% во текот на мандатот.

ВМРО-ДПМНЕ има стратегија за обнова затоа што ја сакаме Македонија ќе ја промениме сликата за државата и ќе воспоставиме морален кодекс за работење.

ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев, добивме хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија.

Треба да знаете
Последни објави