Search

ВМРО-ДПМНЕ: Мафијашот Заев, а зине лаже

 

Нека ги тргне Заев розевите очила и договорените интервјуа, и нека одговори на вистинските теми, како покачувањето на струјата од која спонзорот на Заев зема 6.4 милиони евра преку тендери во ЕЛЕМ, спонзор на СДСМ кој не е регистриран. Тендерите кои ги добива струмичка агенција за обезбедување преку универзалниот снабдувач и камионите со струмички таблици кои вртат во РЕК.

Отчетот на Заев во овој месец дена би бил: бизнис за анти НАТО и анти ЕУ бизнисмен Дака, за добивка од 200 милиони евра, пропадната банка и измамени штедачи, поскапа струја, и хаос со градинките и школите.

Со СДСМ и Заев имаме историски најголем пад на БДП од 12.9%. Одлив наместо прилив на инвестиции, помала наплата на даноци и 40.000 работници на улица.

Со Заев имаме пропадната банка. Испумпани пари преку струмички фирми со кредити без покритие од Еуростандард банка. Стотици штедачи оставени без своите пари и илјадници граѓани пред банките во страв и паника.

Заев не се бори против криминалот, тој го прави!

Народот не може да очекува ништо добро од Заев, туку само штета, тој не почека ни една недела од новата влада, за да каже дека ќе ги покачи даноците и повторно ќе удри врз народот.

Заев е човек на кој не може да му се верува. Заев лажеше пред избори дека нема да ги зголемува давачките сега го прави спротивното.

Заев најави ново задолжување, иако тврдеше дека државата има пари. Заев практично призна дека 1 милијарда ја потроши на изборен поткуп. А сега ќе се задолжува за да ги покрива истите тие долгови.

 

Заев призна дека во Европа го сметаат за “варварин” кој ги краде нивните пари. И додека Заев е заглавен во распродажба на историјата, Македонија е надвор од ЕУ

Вечерва народот можеше да види дека со Заев Македонија само ќе тоне. Затоа владата, мафијата и криминалот, кои се едно исто во Македонија мора да паднат. Или мафија, или Македонија.

Треба да знаете
Последни објави