Search

ВМРО ДПМНЕ: Макрадули не верува во мерните станици за загадениот воздух кои не се под државна капа

Опозициската партија ВМРО ДПМНЕ продолжува со своите забелешки кои според нив го одбележале денот. За денеска ВМРО ДПМНЕ одвојува седум факти според нив кои се карактеристични за денот:

1.Непотизмот владее во  Прилеп, нема функционер во СДСМ кој не си ја вработил целата фамилија на локално или државно ниво.
2.Република Македонија е единствена држава во Европа, во која кодошите на комунистичкиот режим кои местеа луѓе и уништуваа човечки судбини, наместо осуда, ќе добијат и пари од државата.
3.Програмската трибина на СДСМ Агенда- Култура 20-24 е уште еден показател за безидејноста во културата.

4.Пуленот на Љупчо Николовски и Трајан Димковски со закани до инспектор во Инспекторатот за земјоделство со зборовите: Да ја скинеш концесијата или да си дадеш отказ!
5.Владата и самиот Оливер Спасовски да одговорат во кое својство Спасовски го однесе партискиот лидер Зоран Заев на средба со Вселенскиот Патријарх г.г.Вартоломеј, во седиштето на Цариградската патријаршија во Истанбул?
6.Макрадули не верува во мерните станици кои не се под државна капа и смета дека загадувањето е драстично намалено, но Скопје повторно е на листата на најзагадени градови!
7.Вработените во Психијатриската болница Демир Хисар заборавени од Филипче!

Треба да знаете
Последни објави