Search

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија поради СДСМ е меѓу најкорумпираните земји со разорен систем кој не може да одговори на предизвиците

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ

 

Европската Унија одлучи да не ја казни Македонија заради неспособноста и криминалот на Зоран Заев. Европската Унија не гледа закана во него, дека може да продолжи со криминализација, откако ја напушти премиерската функција. Неспособноста и неодговорноста на Заев се гледа и во време на пандемијата кога неговите функционери ја злоупотребуваат службената положба и се расфрлаат со пари на граѓаните за ручеци и патувања.

Системот крахира, бројот на заболени и починати постојано се мултиплицира, а Заев и неговите соработници гледаат да приграбат што е можно повеќе.

Докторите и медицинскиот персонал работи без соодветна заштита, а Заев и функционерите на СДСМ се расфрлаат со народни пари и предлагаат да им ги симнат платите на работниците.

СДСМ не е заслужно за позитивната одлука на Советот на министри на Европската Унија.

Македонија поради СДСМ единствено блеска на негативните листи кои ја рангираат како земја меѓу најкорумпираните и најкриминалните во Европа.

Што се однесува за Европската Унија, по изборите граѓаните можат да бидат сигурни дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја стави Република Македонија на брза трака на реформи и ќе направи прогрес кој ќе биде препознаен од европските партнери.

 

Треба да знаете
Последни објави