Search

ВМРО-ДПМНЕ: Луѓето го напуштаат Заев бидејќи знаат дека е со мафијата и оти со нив нема иднина

Мафијашката екипа на Владата предводена од СДСМ и Зоран Заев е брод што тоне.

Збогум им кажа и Дамјан Манчевски, личност со долгогодишна кариера во партијата, личност на повеќе локални и државни функции.

Манчевски е само еден од низата на соработници и блиски луѓе на Заев, и не само што го напуштија него, туку ја напуштија и државата.

Замина и поранешниот министер за финансии Драган Тевдовски, замина советникот Бранимир Јовановиќ…

Сите тие заминуваат затоа што знаат дека Македонија тоне.

Сите тие заминуваат бидејќи не му веруваат на Заев.

Сите тие го напуштија Заев бидејќи знаат дека Заев е со мафијата, и дека со мафијата нема иднина.

 

Треба да знаете
Последни објави