Search

ВМРО ДПМНЕ: Лажна е веста за палењето на бугарското знаме

Во врска со објавата на порталот Нова ТВ со наслов „ВМРО-ДПМНЕ Гази Баба го запали бугарското знаме?“, каде се гледа поединец кој пали знаме а за тоа самиот портал го обвинува ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски би го истакнале следново велат во реакцијата од опозициската партија:

Станува збор за шовинистички и удбашки методи кои ги спроведува власта и кој се насочени кон ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.

Ниту УМС ниту ВМРО-ДПМНЕ стои зад тој фб канал кој патем е формиран пред еден ден и има за намера да го отргне вниманието на јавноста од катастрофата во здравството и политичката криза по добивањето на ветото од источниот сосед.

Одговорно тврдиме дека зад ваквата конструкција стои власта на Зоран Заев и ова е една капка од морето невистини и дел од клеветничката црна пропаганда против Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Таа црна пропаганда е насочена кон Мицкоски зошто тој е најголемата закана за измамникот Заев и СДСМ.

Одговорно тврдиме дека пред да се објави оваа лажна вест не е контактирана ВМРО-ДПМНЕ за став. Бараме повлекување на веста и извинување од порталот во спротивно ќе бидеме приморани да покренеме соодветна правна постапка.

Очигледно црвениот телефон од владата е вжештен и нападите и цензурата се секојдневие.

Треба да знаете
Последни објави