Search

ВМРО ДПМНЕ: Корона заразата премина во фијаско и убедливо најлошо се справува Филипче со неа

По вечерашното гостување во телевизиската емисија „Само вистина“ на министерот за здравство Венко Филипче каде зборуваше за ситуацијата во земјава со коронавирусот, се огласи со соопштение опозициската ВМРО ДПМНЕ во кое вели:

-Наместо Венко Филипче да дава апели со граѓаните, граѓаните апелираат до Филипче сериозно да ја сфати улогата и да превземе мерки против корона заразата.

Корона заразата премина во фијаско и државата споредено со сите околни земји убедливо најлошо се справува со короната.

Филипче, Заев и Спасовски беше триото кое прогласи победа против пандемијата која од тогаш до сега одзема стотици животи.

Наместо ПР Филипче преку државните механизми да превземе мерки за ублажување на последиците.

Темата корона Филипце исто како и Заев ја користи за ПР и себепромоција иако резултатите се поразителни.

Филипче е во право кога вели дека вирусот не познава возрасни граници но воедно и популизмот и неспособноста на Филипче исто не познаваат граници.

 

Треба да знаете
Последни објави