Search

ВМРО-ДПМНЕ: И со и без декларација ќе одговарате за сиот криминал

Соопштение до јавноста, реакција на донесената одлука на Влада на Република Македонија за формирање на оперативен тим за борба против криминалот.

„Да не го живеевме овој „блескав живот“, живот исполнет со рекети, нарачани пресуди и криминал, одлуките на Зоран Заев ќе беа за смеење. Вака, одлуките се трагични и покажуваат колку тој и картелот околу него се загубени во времето и просторот.

ВМРО-ДПМНЕ го замолува Зоран Заев да престане да ја потценува и понижува јавноста.

Вие сте олицетворение на криминалот и вие ја ставивте цела држава и сите институции на располагање на мафијата. Подобро вратете се на плажа, отколку вака бесрамно, со лицемерни одлуки да ги лажете граѓаните. Само оставка е спасот!

Власта која го создаде криминалниот октопод, спроведе милионски рекет монтираше судски случаи и што ли уште не, сега формира оперативен тим за бескомпромисна борба со корупцијата.

Слушнавме дека Заев барал ургенции за разрешување на Претседател на суд, а сега треба да веруваме дека човекот кој има толкаво искуство во криминалот, не знае дека работата на МВР, УБК, БЈБ, УЈП, Финансиска полиција, УФР, Царинската управа и другите институции од областа на безбедноста и финансиската контрола имаат законска обврска да се борат против криминалот и корупцијата. Тоа што институциите под контрола на Заев не си ја работат работата е вина на Заев кој лично е на чело на криминалниот октопод.

Уште портирот во СДСМ не излезе со декларација во која што ќе го осуди криминалот и ќе бара брза и ефикасна истрага. Што е многу, многу е, дури и од Заев.

И со декларација и без декларација ќе одговарате за сиот криминал. Време е за обнова на Македонија.“

 

Треба да знаете
Последни објави