Search

ВМРО-ДПМНЕ и извршителот Мицкоски се очајни и во страв затоа што ќе одговараат, затоа шират лажни вести и конcтрукции

Соопштение за јавност – реакција на прес-конференција на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ

По носењето на Законот за Јавно обвинителство, стравот од одговорност за криминалите во белиот дворец кулминира. ВМРО-ДПМНЕ, извршителот Мицкоски и неговиот шеф Груевски континуирано измислуваат и неуспешно се обидуваат да пласираат лажни вести и конструирани случаи за претседателот Заев и за членови на неговото семејство. Ова е уште еден показател колку ВМРО-ДПМНЕ е безидејно и очајно поради неуспехот на извршителот Мицкоски да одбрани криминал.

Во отсуство на реални политики и мерки ВМРО-ДПМНЕ и извршителот Христијан Мицкоски своето делување го базираат на валкана кампања, затоа што ништо друго и не знаат. СДСМ е за правда и одговорност, ВМРО-ДПМНЕ е за амнестија на криминалците, за обнова на режимот и изолацијата.

Додека ВМРО-ДПМНЕ лаже, ние ја внесуваме државата во НАТО и ЕУ, додека од белиот дворец штанцаат лажни вести, ние зголемуваме плати, додека Мицкоски брани криминал, ние обезбедуваме правда.

ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и неговиот диригент од Будимпешта нема да ја вратат државата чекор назад во изолација, режим и неказнивост.

Граѓаните се цврсто определени да го казнат лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ и затоа на 12 април ќе порачаат – режим никогаш повеќе!

Треба да знаете
Последни објави