Search

ВМРО-ДПМНЕ: Истрага за најголемата криминална афера во историјата на Македонија се претвори во класична фарса

Истрага за најголемата криминална афера во историјата на Македонија се претвори во класична фарса. Наместо брза разрешница и истрага која ќе дојде главата на криминалниот октопод, гледаме како Русковска и Јовевски прават се за да ја заштита криминалната рекетарска банда на чело со Зоран Заев.

Рускоска целосно ја компромитираше и девалвираше истрагата за случајот Рекет. Гледаме како Кики и Фрики парадираат слободни, повикани како сведоци, а впрочем целата јавност е свесна дека тие се фасцилитатори на рекетот. Jaсно е дека директивите ги добивале од Илинденска б.б.

До кога Русковска ќе ја замајува македонската јавност и ќе ги штити нарачателите на милионскиот „Рекет“.

Не постои човек во Македонија кој верува дека Боки 13 и Катица Јанева рекетирале сами, а дека во најголемата криминална афера во историјата на Македонија не е вмешан човек кој е три пати амнестиран за крупен криминал.

Аболицираниот Зоран Заев е главата на октоподот, тој е на чело на криминално – рекетарската банда која преку пипците, Боки Тредичи и сењора Катица рекетираше бизнисмени, политичари, македонски граѓани.

Време е да се стави крај на трговијата со правдата, време е да се стави крај на политичкиот прогон во Македонија. Македонските граѓани заслужуваат подобро. Македонија не смее, не може и нема да биде заложник на криминалецот Заев. Казната за криминалот на власта пристигнува на следните избори, а потоа секој оној кој што се огрешил пред законот како и оние кои го амнестираат криминалот ќе одговараат.

Треба да знаете
Последни објави