Search

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто МВР и УЈП молчат за долгот на СДСМ!

СДСМ наместо да ги злоупотребува институциите за партиска пресметка да каже зошто се уште им е неподмирен долгот од 2.5 милиони денари од претседателската кампања на Стево Пендаровски и зошто институциите не смеат да зборуваат за тоа.

Зошто МВР и УЈП молчат за долгот на СДСМ!?

Оливер Спасовски и Сања Лукаревска го кријат долгот на СДСМ и непостапуваат.

СДСМ го надмина дозволеното салдо и го пречекори лимитот на финансирање. Но, затоа институциите се глуви.

Долгот кој ВМРО-ДПМНЕ го имала кон една од фирмите со кои соработувала во кампања е регулиран, склучен е договор за исплата на долгот и веќе е отпочнат процес на исплаќање. Долгот е во рамки на дозволеното салдо и сите законски норми се запазени.

Очекуваме МВР на Спасовски и УЈП на Лукаревска да се охрабрат и да го истражат случајот со долгот на СДСМ, но и да поведат соодветна постапка пред органите на системот.

Треба да знаете
Последни објави