Search

ВМРО-ДПМНЕ: Здравјето на граѓаните мора да биде пред интересите на Заев

Соопштение до јавноста – реакција на прес конференцијата на Костадин Костадинов

 

Гледајќи ги бројките кои секојдневно се појавуваат во медиумите во однос на заболени и починати од Ковид-19, можеме да утврдиме дека пандемијата не само што не стивната, туку напротив зема замав.

Ставот на СДСМ дека се создадени услови за организирање на предвремени парламентарни избори уште еднаш покажува дека се работи за незрели политичари на кои пред се им е личниот интерес, а не здравјето на граѓаните.

Секојдневно сведочиме на поразителни бројки кои за жал од ден на ден се зголемуваат. Ја надминавме бројката од 100  починати, а секојдневно рапидно се зголемува бројот на заболени од корона вирусот.

Иако се прават мал број на тестирања, сепак бројот на заболени на дневна основа е над 10% од тестираните, што покажува дека сите треба да бидеме насочени кон решавање на овој проблем.

Во овие моменти потребно е трезвено размислување и надполитички став кој ќе биде во интерес на граѓаните и нивното здравје, а не во интерес на политичките партии.

Организирање на предвремени парламентарни избори во време на пандемија која секојдневно одзема животи е еднакво на организирано убиство, за кое за жал ќе нема назад.

Ние не сме како СДСМ и нема да го ставиме здравјето на граѓаните под знак прашалник поради партиски игри. Насочени сме кон она што е приоритет во овие моменти, а тоа се граѓаните на Република Македонија и нивното здравје.

Предвремени парламентарни избори ќе има тогаш кога нема да биде загрозен ниту еден човечки живот и кога граѓаните ќе се чувствуваат слободни да учествуваат на изборен процес.

Заев и СДСМ и по цена на животи и по цена на економски колапс брзаат да одат на избори само за да го ублажат поразот. ВМРО-ДПМНЕ ќе ги победи нивните штетните политики кога и да се одржат изборите, но интересот на граѓаните и на државата ни се пред се.

ВМРО ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев, добивме хибриден режим неспособност, криминал и сиромаштија

 

Треба да знаете
Последни објави