Search

ВМРО-ДПМНЕ: За прв пат јавниот долг ја надмина границата од 50 проценти

Стравот на Заев од соочување со граѓаните на предвремени парламентарни избори е уште еден показател дека негова единствена цел е да продолжи да функционира криминалниот картел кој ги осиромашува и краде граѓаните на Македонија, вели ВМРО-ДПМНЕ, преку соопштение.

Опозицијата оценува дека СДСМ ја уназадило економијата додека граѓаните уште ја чекаат платата од 500 евра. ВМРО-ДПМНЕ е децидно дека институциите се урнисани, судството партизирано, здравството во хаос, образованието нереформирано, стопанството дише на помошни апарати додека компаниите и фамилиите блиски до Зоран Заев и Анѓушев живеат подобро од било кога.

„ММФ излезе со поразителни податоци дека за прв пат во македонската историја јавниот долг ја помина опасната граница од 50 проценти. Власта упорно ги задолжува граѓаните, а ништо не се гради. Наместо да го оствари ветувањето за едно општество за сите, Заев го подели македонското општество како никогаш досега“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Додаваат и дека неуставното носење на законот за јазици дополнително ја парализирало државата и ќе ја чини Македонија огромни суми на пари. Договорот со Грција за промена на името, велат од ВМРО-ДПМНЕ, е уште еден пораз кој Зоран Заев им го сервира на граѓаните на Република Македонија.

Треба да знаете
Последни објави