Search

ВМРО-ДПМНЕ: Заев притиска за избори на кои наместо гласови ќе броиме починати и заразени

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ

 

 

„Додека Македонија ги брои новозаразените и починатите, наши сограѓани со име и презиме со семејства и пријатели, за СДСМ и натаму најважна е политиката.

СДСМ и натаму притиска за избори на кои наместо гласови и гласачи ќе ги броиме починатите и заразените од новиот коронавирус.

Брзите избори не се решение во држава во која има највисока стапка на смртност од опасниот вирус во регионот, во која има најголем пораст на новозаразени и во која се уште хара епидемија.

Заев и СДСМ единствено ги интересира власта и фотелјите, здравјето на граѓаните е на последно место. Доказ дека здравјето на граѓаните им е најмалку важно е на  здравствен план кое им го приредија на граѓаните.

За негрижата за здравјето на граѓаните и неспособноста на власта следува казната од граѓаните зад гласачкиот параван.

Треба да знаете
Последни објави