Search

ВМРО-ДПМНЕ: Заев повеќе се снаоѓа во криминалот отколку во историјата

„Господине Заев,

Гледајте си рекетот. Повеќе се снаоѓате во криминалот отколку во историјата. Вам ви е местото со Боки, Кики, Фрики, Рашковски, Дудуш и останатите членови на октоподот што го формиравте. Вие сте срам за Македонија. Колку порано заминете, толку подобро и за државата и за народот.

Залудно објаснувате колку бавно и тешко ги разбирате работите. Залудно се правдате и дообјаснувате. Тоа е ваш проблем и што побргу треба да престане да биде проблем на Македонија. Веќе не ви поминуваат извинувањата до небо или од дното на душата.

Вие сте штетник и го пробивате дното секогаш кога граѓаните мислат дека не може да паднете подолу.

Спакувајте се и одете си“.

Треба да знаете
Последни објави