Search

ВМРО-ДПМНЕ: Заев на зимување смислува причини зошто не треба да излезе на избори

Десет дена Зоран Заев се крие и бега од распишување на предвремени парламентарни избори заедно со редовните претседателски, велат од ВМРО-ДПМНЕ утрово преку соопштение.

Според нив Заев заминал на зимување во Германија, каде смислува причини зошто не треба да излезе на избори и да се соочи со гневот на народот за неговите антидржавни политики.

Оправдувањата дека ќе биле закочени реформите се смешни и провидни. Реформи немаше две години, а уште помалку ќе има во месеците кога нема да работи Собранието и политичките субјекти ќе бидат фокусирани на кампањата. Реформи немаше ниту во здравството, образованието, економијата, екологијата или кој било ресор што немаше никакви допирни точки со капитулантските преговори за распродажба на името. Вистината зошто Заев и СДСМ бегаат од избори не се наводните реформи. СДСМ и Заев бегаат затоа што знаат дека губат. Граѓаните не го поддржуваат СДСМ и Заев“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Опозицијата додава дека граѓаните не ги оправдуваат антидржавните политики на СДСМ, а изборите се единствениот излез од кризата во која власта ја втурнала државата

Треба да знаете
Последни објави