Search

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Спасовски преку МВР на криминален начин набавува патни исправи

Криминално рекетарската влада на Зоран Заев и Оливер Спасовски пред заминување влезе во огромен скандал.

СДСМ, Заев и Спасовски преку МВР на криминален начин набавува патни исправи. Скандалозниот тендер тежи околу 20 милиони евра, а целата постапка е надвор од законските процедури.

Имено, според планот на набавка на пасоши и лични документи во МВР, во 2019 година биле предвидени средства во висина од околу 7 милиони евра. Веднаш потоа истата фирма и единствен понудувач „Веридос“  бара сума од околу 20 милиони евра, сума која што е обезбедена од криминално рекетарската влада на СДСМ.

За тоа дека целата постапка е криминална докажува и фактот што Договорот за рамковната спогодба во висина од 19.681.666 евра е склучен на 05.12.2019 година, а одлуката за избор и извештајот за постапката за оваа јавна набавка се склучени и архивирани на 06.12.2019, односно еден ден подоцна откако е склучена рамковната спогодба од страна на МВР со фирмата „Веридос“.

Дополнително на ова, во текот на постапката се менуваат и членовите Комисијата за набавка на тендерот по теркот на СДСМ за да го аминуваат криминалното работење на Спасовски и Заев.

СДСМ, Заев и Спасовски свесно ги прекршуваат сите законски норми на сметка на лично богатење.

Криминал, рекет, уцени, закани, поткуп се одлика на владеењето на СДСМ, Заев и Спасовски.

Јавното обвинителство трет ден молчи за овој скандал тежок околу 20 милиони евра.

СДСМ, Заев и Спасовски се во спрега со јавното обвинителство газејќи го правниот поредок и владеењето на правото во Република Македонија.

Ова е сериозен случај кој мора да добие правна разрешница. Јавното обвинителство мора да собере храброст и да постапи по допрен глас.

Зоран Заев и СДСМ се виновни за поразите, измамите и криминалиите.

На 12-ти април следува одговорност.

Зоран Заев и СДСМ никогаш повеќе.

Треба да знаете
Последни објави