Search

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Спасовски нека се приземјат и фатат за работа, ги оставија лекарите голораки додека Филипче е посветен на тендери

Соопштение до јавноста – реакција на изјавата на Зоран Заев за „Утрински Брифинг“

 

„Профитерот Заев наместо да шири лажни вести, да засука ракавите и да почне да работи затоа што здравствениот систем крахира.

12% од заболените со корона се доктори и здравствен персонал, што говори дека здравствениот систем кој треба да го штити народот, не е доволно заштитен. А не е заштитен затоа што Заев и Спасовски ги оставија лекарите голораки да се борат против короната, додека Филипче е посветен на тендери, а Заев како да си го дуплира богатството на империјата Заев.

Дволичноста на СДСМ уште еднаш излезе на виделина.

Вчера ВМРО-ДПМНЕ ја поздрави позитивната  одлука на советот на министри на ЕУ и се надева на што поскоро добивање на датум за прва меѓувладина конференција со земјите членки на  ЕУ.

Граѓаните знаат дека Зоран Заев и СДСМ ја понижија, омаловажија и опустошија Македонија. Доаѓа времето кога ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе ги направи граѓаните и Македонија горди и време кога ќе заврши ова криминално лудило од СДСМ.

Не е мерка таа на Заев со која функционерите и работниците ги израмнува на ниско ниво по платите, а не по привилегиите. Во исто време кога Заев вели дека треба да се кратат плати, неговата влада троши за 4 дена 8 милиони денари за ручеци и патувања.

Заев треба да има една цел, а тоа е како да им помогне на граѓаните, затоа што секој живот вреди.„

 

Треба да знаете
Последни објави