Search

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и СДСМ ја уништија македонската економија

Зоран Заев и СДСМ ја уништија македонската економија. Со лагите на Заев буџетот на државата не се полни. Само во последните 5 месеци направија дупка од 3 милијарди денари од несобрани даноци, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

Живот во Македонија дојде само за Заев и неговата криминална банда кои народните пари ги трошат за полнење на своите џебови.

Реализацијата на капиталните инвестиции за првите четири месеци од оваа година е под 10 проценти. Парите со кои ги задолжува Заев граѓаните се арчат на непродуктивни трошоци и за исплата на неговите концесии.

Време на реални проекти и економски прогрес ќе има кога ќе дојде новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Треба да знаете
Последни објави